По повод 8 Март, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ ќе биде реализирана традиционалната изложба на деца од предучилишните установи на тема „Цртам за мојата мајка“.
Изложбата ќе биде отворена во просториите на Центарот на утре (четврток, 7 март, 2013 година) со почеток во 10,00 часот. За децата од градинките е организирана пригодна програма.