Пригоден настан во чест на 32-от роденден на Тоше

Министерката Канческа-Милевска утре (петок, 25.о1.2013 година) во 11:00 часот во Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево ќе се обрати на пригоден настан во чест на 32-от роденден на македонската музичка ѕвезда.


Во рамките на настанот, кој е во организација на НУ „Спомен-дом на Тоше Проески“ и Меѓународната фондација „Тоше Проески“, со поддршка на Министерството за култура, ќе биде одржан и музички концерт на кој Билјана Талеска, Андријана Јаневска, „Некст тајм“, Александра Пилева, „Кристијан со неговиот бенд“, како и „Бендот на Тоше” ќе изведат песни од Тоше, а македонскиот ликовен уметник Сократ Лафазановски ќе подари дело насликано во негова чест.

Исто така, премиерно ќе биде претставен спотот за најновата песна на Тоше Проески „Све је ово премало за крај”, од композиторот и текстописец Јелена Трифуновиќ.

Пред почетокот на настанот, во 10:45 часот, делегација предводена од министеркат Канческа-Милевска ќе положи свежо цвеќе на гробното место на Тоше Проески.

You May Also Like