На овој концерт Каролина ќе ги изведе повеќето песни од двата албума „Македонско девојче 1“ и „Македонско девојче 2“ заедно … еден различен концепт од концептот виден во Македонската Опера и Балет во февруари оваа година.
Големото затворање на најуникатниот македонски проект во изминативе 10 – ина години – „Македонско девојче“ со Каролина ќе се случи на 13ти декември во арената Борис Трајковски.
После распродадените 6 (шест) последователни концерти во Македонската Опера и Балет и распродадените концерти во Крушево, Македонска Каменица, Битола, Охрид… проектот пред да се рашири надвор од Македонија се враќа во Скопје каде финално ќе биде затворен на 13ти декември со голем концерт во Борис Трајковски.
На овој концерт Каролина ќе ги изведе повеќето песни од двата албума „Македонско девојче 1“ и „Македонско девојче 2“ заедно … еден различен концепт од концептот виден во Македонската Опера и Балет во февруари оваа година.
Салата Борис Трајковски за таа пригода ќе биде специјално адаптирана во комплетно седечка формација во која и во партерот сите места ќе бидат за седење.
Влезниците со основна цена од 600 денари ќе бидат пуштени во продажба од 10ти ноември преку продажната мрежа на КупиКартиЗаСе, Розе – Веро 2, Камарад, Skopje City Mall како и online на www.kupikartizase.com.
Важно: Со секоја купена влезница подарок ДВД од антологиските концерти во Македонска Опера и Балет.