Одбележани 111 години од смртта на Гоце Делчев

По повод 111 години од смртта на Гоце Делчев, денеска на денот на неговото загинување 4 мај, во Црквата „Св. Спас“, на Плоштадот Македонија и во Градскиот парк во Скопје, официјални државни и институционални делегации положија цвеќе.

goce delcev 111 godini 1

Се положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, а му оддадоа почит на големиот македонски револуционер бројни делегации и на споменикот на Плоштадот и на оној во Градскиот парк.

Цвеќиња денеска положија Делегација на Владата на Република Македонија, Делагација на Градот Скопје, делегации на државни институции, делегации од политичките партии, делгации на АРМ, МАНУ, како и делегации и претставници од училишта и организации што го носат неговото име.

goce delcev 111 godini 2

Во Црквата Св.Спас беше одржана Литургија на Македонската православна црква, а по повод 111 години од смртта на еден од најголемите македонски револуционери, настапи и Мешаниот градски хор „Вардар“.

You May Also Like