Овој четврток (24 јули) во Синеплекс пристигаат два нови филмски наслови – филм за митската легенда „Херкул“ и продолжението на акционата комедија „Улица скок бр.22“.
„Дали си само легенда или вистина која стои зад легендата?“ Најголемиот мит на сите времиња „Херкул“ ни пристига на големото платно. Акционо-авантуристичкиот трилер ова лето ни го
открива тајниот симбол на лавовската храброст која бие во срцето на херојот. Двејн Џонсон е Херкул, роден со боженствена снага и човечки емоции. Прогонет од минатото тој постанува платеник кој постојано талка заедно со група на лојални следбеници. Но, овој пат тој
заминува во храбра мисија за да ја заврши крвавата граѓанска војна во земјата Тракија и да го врати кралот на својот престол. Назамисливи злосторници ќе ги стават на тест неговите митски моќи, а светот жеден за правда ќе ја преиспита неговата човечност. Брет Ратнер ни ја носи новата визија на епскиот акционен херој на сите времиња.
Урнебесното дуо се враќа на големото платно во филмот „Улица скок бр.22“- продолжение на супер-успешниот филм од пред две години, снимен според истоимената популарна серија со која се прослави и една од најголемите холивудски ѕвезди Џони Деп.
Ченинг Татум и Џона Хил по втор пат се пред супер-тајна задача. Овој пат тие двајцата наместо во средно училиште ќе се инфилтрираат на локалниот факултет како би влегле во трага на дилерите на нова опасна дрога која забрзано се шири низ нивниот град. За разлика од првиот дел, во акционата комедија „Улица скок бр. 22“ не очекуваат многу повеќе експлицитни пцовки, голотија, хумор, но и спектакуларни акциони секвенци.