(Видео) Замрзнат флеш моб во центарот на Скопје

Минатиот викенд (на  30 декември 2012) во центарот на Скопје ,се случи едно необично збиднување – замрзнат флеш моб. Настанот беше организиран од страна на невладината организација Креактив и People to People International creACTive Skopje Student Chapter, под слоганот “Don’t be frozen, Act” или „Не се замрзнувај, активирај се“.

Членството, заедно со уште 130 други волонтери се замрзнаа на едно место и стоеја така неподвижни, 5 минути. Секој на свој креативен начин го сопре времето и им ги отвори ширум очите на многу случајни минувачи.

Целта на овој настан е да се пренесе порака дека денеска е корисно да се биде волонтер, дека пасивноста и стоењето во место некогаш ќе бидат забележани. Сите кои што беа дел од флеш мобот се волонтери. Учесници, организатори, сниматели… сите здружени со една иста цел, да се замрзне Скопје.

Тие како здружение на средношколци често организираат вакви настани. Заинтересираните кои што сакаат да се вклучат во работата може да го посетат нивниот сајт или пак нивниот Facebook Fan Page.

You May Also Like