Деновиве издавачката куќа „Три“ ја објави книгата „Новите правила на маркетингот и на односите со јавноста“ од Дејвид Мирман Скот.
Книгата “Новите правила на маркетингот и односите со јавноста“ од авторот Дејвид Мирман Скот, претставува исклучително значаен водич за користење на социјалните медиуми, блоговите, онлајн-видеата, мобилните апликации и виралниот маркетинг за директно обраќање кон милиони купувачи.
Станува збор за книга наменета за менаџери, претприемачи и сопственици на бизнис, за сите оние кои се амбициозни, кои сакаат континуирано да учат и да се надградуваат, да бидат иновативни и пред се успешни во она што го работат. Ве води низ најактуелните трендови од областа на маркетингот и ви нуди акционен план кој ќе ви помогне да ја искористите моќта на Интернетот за да изградите препознатливоста на својот бренд и да ја зголемите продажбата.
Книгата “Новите правила на маркетингот и на односите со јавност” претставува актиелно четиво, со исклучително значајни совети и бројни примери, кои неопходни за новото време. Дело кое секој успешен човек треба да го прочита.
Ако на радиото како медиум му требаа 38 години за да дојде до бројка од 50 милиони корисници а на телевизијата за истата бројка и требаа 13 години, на Интернетот му требаа само 5 години за да го достигне тој број на корисници. Овој факт само го потврдува брзиот развој и прифатеност на интернетот и социјалните мрежи како медиум и како глобален феномен, кој се истакнува со своето значење, со брзината и ефикасноста и се наметнува како ефикасен канал за остварување на комуникациските цели.