Прилепскиот театар одбележа 63 години постоење

Театарот “Војдан Чернодрински” со изведбата на претставата “Сонот на Цепенко” синоќа (понеделник, 18 февруари) одбележи 63 години од формирањето.

Заробениците на Талија уживаа во музичката кореодрама во режија на Кирил Петрески, со која се раскажува сонот на Цепенков, но и видувањата на режисерот на творештвото на Марко Цепенков.

Во изминатите 62 години театарска традиција, пред 1,5 милиони посетители се одиграле илјадници комедии, драми, трагедии.

Досега се прикажале над 360 премиери. Најгледана е “Солунски патрдии”, а веднаш потоа “Од кол на кол”, двете во режија на Коле Ангеловски.

Во театарската хроника забележано е дека завесата во Театарот се кренала на 18 февруари во 1950 година со премиерата на “Кир Јања”, од Ј.С.Поповиќ,  во режија на Ацо Михајлоски.

Големи успеси последните години се постигнаа со претставите ,„Тапани во ноќта,“ и ,„Кавкаскиот круг со креда“ и двете во режија на Мартин Кочовски, со кои театарот победи на престижните фестивали МЕСС во Сараево и Експонто во Љубљана.

You May Also Like