Подобрување на јавната свест за безбедноста на храната

Денеска (вторник, 19 февруари) во 11:00 часот во Големата сала на општина Гази Баба, барака 8, ќе се одржи трибина на тема „Подобрување на јавната свест за безбедноста на храната“.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со финансиска подршка на Јапонската организација JICA – Japan International Cooperation Agency ќе го реализира Проектот за „Подобрување на јавната свест за безбедноста на храната“. Проектот ќе биде реализиран во 5 општини во Македонија и е наменет за целото население од аспект на потрошувачи. Една од општините која е избрана за заедничко спорведување на овој проект е Општина Гази Баба.

Проектот за подобрување на јавната свест вклучува промотивно – едукативни презентации со кои ќе бидат опфатени градинките, училиштата, факултетите, јавните институции…

Теми на проектот:

∙ Начин на чување и складирање на сурова, приготвена и термички обработена храна.

∙ Алергени

∙ Образложување за начинот и значењето на означувањето на производите наменети за конзумација.

∙ Најчести предизвикувачи на заболувања предизвикани од храна

∙ Најчести случаи и примери за труење со храна

∙ Разлика помеѓу квалитет и безбедност на храна…

Темите ќе бидат презентирани преку различен пристап, соодветен за различните по возраст целни групи (деца, средношколци и студенти, вработени лица и пензионери) со цел да бидат интересни, прилагодени и прифатливи за целата популација на Р.Македонија. За сите групи има различен приод со различни промотивни материјали кои ќе бидат поделени на трибините.

Активностите во кои се вклучува Општината Гази Баба е во организирањето и спроведувањето на трибините:

Денеска, првата трибина е во присутво на директорите на основните училишта и детските градинки, и тимот на педагог, професор по биологија и хемија како и луѓе вклучени во процесите на подготовка на храна.

На 20.02.2013 година, во 12 часот втората трибина со присуство на директорите на средните училишта, и тимот на педагог, професор по биологија и хемија и луѓе вклучени во процесите на подготовка на храна, како и претсавници од општинската администрација.

You May Also Like