Нов број на ‘ХАЕМУС‘, електронско списание посветно на историјата и археологијата на Балканскиот Полуостров, кој исто така, опфаќа широк спектар на поврзани интердисциплинарни проучувања …
Од печат излезе вториот број на ‘ХАЕМУС‘, академски електронски часопис посветен на историјата и археологијата на Балканскиот Полуостров, кој исто така, опфаќа широк спектар на поврзани интердисциплинарни проучувања. Бројот за 2013 година поместува актуелни теми и дилеми од областа на археологијата, зооархеологијата, историјата, минералогијата, религијата, уметноста, менаџментот на културното наследство и издавачката дејност.
Целта на ова списание базирано на принципот на отворените образовни ресурси и лиценците на Криејтив Комонс е да се соберат и на едно место да бидат објавени најновите достигнувања во областа на балканската историја и археологија, како во однос на методологијата, така и од аспект на содржината. Содржината на часописот се темели на чисто академски истражувања, а зад издавањето на оваа публикација стои редакција составена од исражувачи од најпрестижните институции во светот.
Часописот Хаемус е публикација на ‘ХАЕМУС‘ – Центарот за научно истражување и промоција на културата, со седиште во Скопје.
Часописот може да се превземе преку директен линк на официјалната веб страна.
Линк: http://haemus.mk/haemus-
ХАЕМУС
Центар за научни истражувања
и промоција на културата
http://haemus.org.mk