Обновени тротоарите кај Судска палата

Град Скопје продолжува со акцијата за реконструкција на тротоарите и на пешачките патеки низ градот.  Во тек е реконструкцијата на пешачката патека по должината на булеварот Гоце Делчев, кај Судската палата.

Оваа пешачка патека е широка 4,3 метри и се рекон струира во должина од 125 метри. Површината се покрива со терастон плочи, во сива и во црвена боја.На терен работат екипите на градежната компанија „Урбан инвест“, коишто ги реконструираат и пешачките патеки пред Собранието на Република Македонија и пред зградите спроти Владата на Република Македонија.

Во акцијата на Град Скопје е обновен и тротоарот на булеварот Кочо Рацин, кај зградата на Црвениот крст и наспроти, пред кулите.

You May Also Like