Вечерва, (петок 08.06.2012) во скопскиот клуб Капан ан, во Старата чаршија, ќе се одржи уште едно месечно издание на забавите кои го носат името ДИПЛИМА.
Под отворено небо, на оваа журка, покрај резидентот Милескаја, ќе настапат и Дарко Пацки (Саунд Дифјужн) кој е одличен селектор на техно и хаус звуци и Томи Бојаџи, долгогодишен диџеј и талентиран познавач на добро одбрана музика за уживање на подиумот.
ДИПЛИМА е уникатно музичко доживување во главниот град, а се одржува втора година по ред, еден петок во месецот во Капан ан.