Изложба на мозаици на Лиле Корубин

АРТЕ Галерија ја организира третата самостојна изложба на мозаици од истакнатиот модниот креатор и мозаичар Лиле Корубин на 03 март (понеделник) со почеток во 20:00 часот .

lile_korubin_katalog_za_mozaici

Љубителите на уметноста ќе можат да се запознаат со нејзините најдобри мозаици кои го отсликуваат интимниот свет на авторката Лиле Корубин. Со ова изложба АРТЕ Галерија продолжува со реализација на изложби и настани со што уште повеќе ќе ја афирмираме ликовната уметност.

Галеријата АРТЕ се наоѓа Спроти Поликлиника Идадија или поточно помеѓу АМСМ и Клуб на пратеници на улица Митрополит Теодосиј Гологанов бр 49.

You May Also Like