Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ од Кавадарци на Меѓународен фестивал во полскиот град Бруси …
Фолклорниот ансамбл „Тиквеш” се врати од гостување во Полска, каде што учествуваше на Меѓународниот фестивал на фолклорни ансамбли во градот Бруси. Како што информираше кореографот Илија Филов, се работи за Интернационален фестивал зад кој стои Меѓународната федерација на национални ансамбли ЦИОФ, а на кој учествуваа фолкорни групи и ансамбли од Бразил, Германија, Канада, Белорусија,Тајван и Полска.
– Одржавме 9 концерти. Настапивме со програма во која се застапени сите песни и ора на македонскиот фолкор од повеќе поднебја на местата каде живееле и живеат Македонци. Гостувавме во повеќе полски градови, меѓу кои Бруси,Чајнице, Черкс и Виеле каде поради одличниот настап и кореографија нашите фолкористи беа враќани три пати на бис па наместо половина имавме настап од еден час, изјави Филов.
„Тиквеш“ настапи со првата постава со 35 фолклористи, сите задоволни од гостувањето во Полска. Кавадаречките фолкористи се поканети да учествуваат на Интернационален фестивал во Сао Паоло, Бразил.