Премиера на детската „Пат околу светот“ во Охридскиот театар

Денеска (недела 28 септември, 2014) во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи премиерата на детската претстава „Пат околу светот“ во режија на Драгана Танеска.

Pat okolu svetot - Plakat

 

Со овој термин во недела во 12:00 театарот од Охрид го промовира како термин за детски претстави.
Покрај претставите за деца, од средината на Октомври во новите простории ќе започне програма за работа со деца и млади во процес-ориентирани проекти преку театарски работилници со лица/актери обучени во областа на театар во едукација и драма во едукација.
Во октомври по повод месецот на детето, театарот во соработка со училиштата ќе ја изведува претставата ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ на својата матична сцена. Покрај претставите,преку годината програмата за театар во едукација ќе биде во соработка со училиштата.

Во втората половина на Октомври премиерно ќе биде изведена претставата/комедија Детектор за лаги во режија на Ненад Витанов. Театарот ќе почне, се со цел за зголемување на репертоарот и поголем избор на претстави да создава партнерство преку коопродукции како: стендап настапи, кабареа, шоу кејс експериментални форми, нови продукции и гостувања на театри од Македонија.

You May Also Like