Овој викенд во с.Нежилово (Велешко), ќе се одржи тридневна стрип работилница на које ќе бидат присутни млади од македонска, ромска и албанска етничка припадност, од Македонија и Косово. Истата е финансирана од страна на фондацијата Сорос – Будимпешта , а под организација на Стрип центар на Македонија со седиште во Велес.
– Стрипот како уметност има своја применливост и можност да ја променува свеста и средината. Тема на овој проект е токму дискриминацијата и да се постигне поголем степен на другарување помеѓу млади од разни етнички средини. Стрипот како култура треба да се рашири низ етнички изолираната ромска популација преку омасовена публика и развивање на нови стрип таленти, велат од здружението.
Под будното око на инструктори и искусни стрип автори, младите ќе создадат стрипови, кои потоа ќе бидат изложени во Велес, Скопје, Призрен и Приштина.