Министерот Кралев ја заврши работната посета на Обединетите Арапски Емирати

Во рамките на дводневната работна посета на Обединетите Арапски Емирати, министерот за образование и наука на Република Македонија м-р Панче Кралев и министерот за култура, млади и развој на општетството на Обединетите Арапски Емирати Шеикот Нахјан Мубарак Ал Нахјан вчера (27.03.2013 година), потпишаа меморандум за соработка.

Меморандумот е потпишан помеѓу Високите школи за технологија и МОН во насока на продолжување соработката, унапредување на образованието на Република Македонија во рамки на технолошките факултети, како и размена на искуства на студенти.

Министерот Кралев и Шеикот Нахјан Мубарак Ал Нахјан се договорија дека ќе ја промовираат интер-универзитетска соработка во научно-технолошките области вклучувајќи и области од образованието и научните истражувања.

Во насока на соработката е да се истражуваат програми за студентска размена помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологија и HCT, во сите акредитирани програми и нивоа особено фокусирани на истражување; Воспоставување на програми за размена за споделување на најдобрите практики и промовирање на научни истражувања во секоја од земјите; Дизајн, развој, семинари, конференции и други научни и културни симпозиуми од интерес за двете земји; Истражување на потенцијалните области за соработка со HCT центар на извонредност за применети истражувања и обука (CERT), вклучувајќи истражување, иновациите и претприемништвото; Создавање на технолошки парк во Македонија .

Со потпишувањето на Меморандумот, заврши дводневната посета на министерот за образование и наука Панче Кралев на Обединетите Арапски Емирати.

You May Also Like