Новинарката Жанета Здравковска добитник на наградата „Менде Петковски“

Жанета Здравковска, дописничка на весникот „Дневник“ од Битола, е добитник на наградата за најдобар дописник за 2013 година, што го носи името на Менде Петковски.

typewriter

Таа е наградена за својот прилог насловен како „На гробот му пишува дека служел во три војски“, објавен во јули минатата година.

Во конкуренција за наградата која ќе биде доделена по девети пат беа повеќе прилози на дописници од разни медиуми.

Наградениот прилог ја содржи животната приказна на поранешниот војник Петко Лисковски од битолското село Добрушево, кој под притисок осум години служел во турската, српската и бугарската војска во првите две децении од дваесетиот век.

Неговиот надгробен споменик е единствениот во земјава на кој е напишано дека бил војник во три непријателски војски и е непобитен доказ за страдањата на македонците мобилизирани во различни војски и втурната во братоубиствена војна.

Признанието е востановено во чест на прерано починатиот дописник на „Дневник“ Менде Петковски кој остави забележителна трага како новинар-дописник од пелагонискиот регион.

Врачувањето на наградата ќе се изврши следната недела во Битола.

You May Also Like