Нова општинска библиотека во Илинден

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска (22  мај 2013 година) во 11:30 часот ќе го посети Домот на културата во општина Илинден, каде што ќе биде промовирана новата општинска библиотека во оваа установа.

При посетата, Канческа–Милевска ќе донира и комплети од едициите „130 тома македонска книжевност“ и „Превод на литературни дела на добитници на Нобелова награда за литература“.

You May Also Like