Никола Ристановски најдобар актер на Фестивалот во Риека

Актерот Никола Ристановски ја освои наградата за најдобра машка улога на Фестивалот на мали сцени во Риека кој заврши викендов.

Нашиот актер признанието го доби за претставата „Животот на Молиер“ на Александар Поповски. Актерска награда доби и Озрен Грабариќ за претставата „Кабаре Брехт – Кариерата на Артуро Уи“.

За Ристановски, ова е четврта актерска награда на фестивалот во Риека.

 

извор: dnevnik.com.mk

You May Also Like