Прес за филмот „Деца на сонцето“

Конференцијата по повод долгометражниот игран филм „Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митриќески, е закажана за утре (14 мај, вторник) со почеток во 11 часот во кафулето на спортскиот клуб „Форца“, кој се наоѓа на улица Лондонска во Тафталиџе, во непосредна близина на  Студентскиот дом Гоце Делчев.

„Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митрикески кон средината на јуни ќе почне да се снима на локации во Преспа. На пресот покрај режисерот учество ќе земе и најголемиот дел од актерската екипа(Кире Ѓоревски, Ивана Павлаковиќ, Владо Јовановски, Мето Јовановски, Билјана Таневски…), како и авторот на музиката Влатко Стефановски.

You May Also Like