Никола Маџиров го отвори Светскиот поетски фестивал во Њу Делхи

Никола Маџиров го отвори Светскиот поетски фестивал во Делхи во Индија, организиран во чест на 100-годишнината од Нобеловата награда за литература на Рабиндрант Тагоре.

nikola madzirov

Маџиров, на отворањето читање заедно со добитникот на наградата „Т.С Елиот“, поетот од Британија, Џорџ Сиртеш.

Фестивалот е во организација на „Академијата Саитја“ од Делхи, широко позната по промоцијата на индиската литература на 24 индиски јазици, како и Министерството за култура на Индија, а во него учествуваат поети од дваесетина земји од сите континенти.

You May Also Like