Францускиот институт во Скопје и Кинотека на Македонија ќе ги имаат своето официјалното отворање на Неделата на франкофонскиот филм, вечерва (вторник, 27 март 2012 година), со почеток во 20:00 часот, во просториите на Кинотека на Македонија.
Отворањето ќе биде одбележано со пригоден говор на Н.Е. г-дин Жан-Клод Шлумберже, Амбасадор на Франција, по што следува проекцијата на францускиот филмски хит „Ќе ми бидеш син“, од 2011 год., на режисерот Жил Легран.
Во рамките на Неделата на франкофонскиот филм предвидена е ревија на филмови од франкофонски земји: Швајцарија, Белгија, Бугарија, Романија и Канада, а истата организирана во знак на одбележување на март, месецот на Франкофонијата.
Однапред ви се заблагодаруваме на присуството и информирањето на јавноста за настанот.