Зоо Скопје ќе ја отвори новата мајмунара викендов

Во недела (01.04.2012 година), покрај одбележувањето на Денот на шегата – Први април, во Зоо Скопје ќе има бројни активности. На пладне ( во 12:00 часот), ќе се одржи прес конференција по повод свеченото пуштање во употреба на новото живеалиште за мајмуни, чија изградба е донација од Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).


Истиот ден во 13:00 часот во соработка со Здружението „Во мојот свет“, ќе биде одбележан и Меѓународниот ден на децата со аутизам.

You May Also Like