Наградената новела „Сликата на тетка Рашела“ на македонскиот писател Томислав Османли вторпат е објавена во 86-тиот број на интернационалното списание „Los Muestros“ кое на француски, англиски и јудео-шпански јазик тримесечно се појавува во Брисел, како гласило на Евреите Сефарди од Европа.
Ова е прв превод на македонски книжевен текст на јудео-шпански или ладино, јазикот на сефардските Евреи. Ова угледно списание кое како „Глас на Сефардите“ излегува во Белгија, а се дистрибуира интернационално, прозниот текст на Османли го објавува во рубриката „Раскази и новели“, во чест на повеќекратната соработка со македонскиот автор го објавува на јазикот ладино. Првпат овој расказ во превод на англиски беше објавен во бројот 71 на „Los Muestros“ во јуни 2008 година.