Композицијата “Благовештеније 07.04” (2013) на Д-р Роберт Саздов е селектирана зa New York City Electroacoustic Music Festival 2014 (NYCEMF), New York City – САД. Фестивалот ќе се одржи од 2 до 8 јуни, 2014 во Abrons Arts Center и е еден од најголемите фестивали во САД.
Целта на NYCEMF 2014 е презентирање на најдобрата електроакустична музика и видео уметност oд светот. “Благовештеније 07.04” (2013) е нарачка од СОКОМ, чија светска премиера беше изведена на првото издание на Звучна Имерзија – Фестивал за Медиумски уметности 2014.
Композицијата на Саздов ќе биде изведена на 05 јуни во Experimental Theater, таа е третa, воедно и последна композиција од трилогијата која се состои од Богородица 28.08 (2005) и Дева 21.09 (2009), осврнуваjќи се кон значајните датуми од православниот календар посветени на Мајката божја.