Издавачки центар ТРИ од 20 јуни до 20 август ќе понуди многу нови наслови, со голем попуст најдобрите и најпродаваните автори од македонската и од светската книжевна сцена, како и можност да се ужива во книга под ведро небо.
Од ТРИ велат: „Им нудиме вистинско летно освежување на своите читатели. Тие ќе имаат можност да уживаат во новите наслови: Роман за прељубата од хит-авторката Исидора Бјелица, нестрпливо очекуваната Патот кон величественоста од добро познатиот Робин Шарма, Човековото тело од извонредниот Паоло Џордано, Бело-црвен свет од Дорота Масловска, младата авторка која ја размрда светската книжевна сцена со смелиот израз и контроверзноста, како и романот Љубов од Лоранс Плазне, добитник на Европската награда за литература.
Покрај новите наслови, богатата понуда ги вклучува и другите наши бестселери и најбарани наслови, сите со попуст до 70%!За вистинско летно уживање, оваа година ТРИ ја отвора и својата прва книжарница под ведро небо. На плажата Куба Либре во Охрид, ќе имате можност да поминете летен одмор каков што отсекогаш сте замислувале – убава плажа, жешко сонце, студен коктел и добра книга в рака!
Ние сакаме да ги направиме книгите достапни за секого. Без разлика каде и да се, нашите читатели ќе имаат можност, освен во книжарницата ТРИ во ГТЦ – Скопје и на плажата Куба Либре во Охрид, да ги порачаат своите летни фаворити и онлајн преку www.kniga.mk и да ги добијат на рака!
Со богатата понуда, одличните наслови по достапни цени, како и со пристапноста до книгите, веруваме дека на читателите ќе им овозможиме вистинско освежување и лето за паметење!“ – велат од ТРИ.