Kопија од играниот филм „До балчак“ на Стoле Попов продукцијата „Fx3x“ и’ го предала на Агенцијата за филм, која, пак, ќе се грижи за промоцијата и за дистрибуцијата на филмот. Прв поголем фестивал на чиј маркет ќе биде прикажан ќе биде тој во Kан, што ќе се одржи од 14 до 25 мај.
До балчак“ го сними кинематограферот Апостол Трпески. За постпродукцијата се погрижи продукцијата „Fx3x“ од Скопје, а финалниот микс се заврши во студиото „Барандов“ во Прага. Главните улоги во филмот ги толкуваат: Инти Шрај од Словенија, Мартин Јорданоски, Сашко Kоцев, Сенко Велинов и други.
извор: Дневник