Промовирани нови стручни изданија за студентите

Претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски и Министерот за образование и наука, м-р Панче Кралев, вчера (среда, 16 јануари, 2013 година), во просториите на „Читална 1000 книги“, промовираа 12 нови преведени наслови, во рамките на проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.

Заклучно со оваа, 45-та по ред промоција, на академската, но и на пошироката македонска јавност и станаа достапни 762 стручни книги кои се користат на еминентните светски универзитети. Новите преведени дела вклучуваат наслови од неколку области, меѓу кои: медицина и стоматологија, дипломатија, политика, право и внатрешна безбедност, текстилно инженерство, како и претприемништво и иновации.

Со реализацијата на овој проект, студентите добиваат пристап до литературата од која учат и нивните врсници од најдобрите универзитети во САД и Европа. Достапноста на овие книги и учебници, овозможува зголемени компетенции на идните професионалци, но го подига и нивото на стручна дебата.

Во оваа прилика, Министерот Кралев им се заблагодари на сите вклучени страни за нивната несебична поддршка во остварувањето на проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“ и напомена дека Министерството за образование и наука ќе продолжи со реализација на проекти кои го поттикнуваат напредокот на образовниот процес, го подобруваат образованиот стандард и го унапредуваат знаењето на младите.

You May Also Like