Изложба на Росица Лазеска во Галерија 8

Друштвото на ликовни уметници на Македонија и Галерија 8 ве канат на отворањето на изложбата на Росица Лазеска насловена „ИГРА“ која ќе се одржи на вечерва (08.05.2014, четврток) во 20:30 часот во Галерија 8-Безистен.

rosica_lazeska

Изложба на Росица Лазеска насловена „ИГРА“ вечерва (08.05.2014, четврток) во 20:30 часот во Галерија 8-Безистен во Старата чаршија. Во делата на Росица Лазеска следиме експресивна, динамична ткаенина на линии кои се во меѓусебна комуникација со графичките знаци, форми и тонски решенија, а кои создаваат хармонично обликувани апстрактни композиции. Линијата која е силна и лирична, моќна и нежна, динамична и смирена, апстрактна и наративна го обликува овој ликовен свет со кој се карактеризира специфичниот ликовен израз на оваа уметница.

You May Also Like