Со ракотворење до зачувување на традиционалните вредности

Општина Гази Баба во соработка со Организација на жени на Гази Баба започнува со реализација на Проектот „Изработка на ракотворби и негување на традиционалните вредности“, кој е дел од Програмата за проекти од здруженија на граѓани за 2014 година.

makedonski_vez(copy)

 

Во рамките на овој проект ќе се реализираат креативни работилници, на кои жените од Гази Баба и сите оние кои се заинтересирани ќе учат разни вештини за изработка на украсен накит, плетење на чипки, изработка на реплики од носии, везење на мотиви од народните носии и друго.

Сите заинтересирани за посета на обуките можат да се јават на телефонскиот број на организација на жени од Гази Баба, 076/942010, во периодот од 22.05.2014 год. до 28.05.2014 год.

Обуките ќе се одржат во УЗ Автокоманда, почнувајќи од 29.05.2014 год. во попладневните часови.

You May Also Like