Настап на Јова Радевска во Џубокс

Вечерва (вторник ,9 октомври) во кабаре клубот Џубокс ќе настапи таленираната Јова Радевска. Од 22:30 часот, па се до полноќ публиката во Џубокс ќе има можност да слушне дел и од новиот материјал на Јова, која на сцената ќе ја придружува гитаристот Adam Green.

По настапите во британските клубови, Македонката со постојана адреса во Лондон, закажа акустична средба и со домашната публика.  Македонската публика ја запозна Радевска на домашниот избор на песна за Евровизија во 2008 година, кога со песната „Јас сум овде“ ги освои симпатиите на гледачите. Нејзиниот прв албум „Hourglass Diary“ го издава уште во 2007 година, а една од песните од првенчето на англиски јазик е сместена и на компилациско CD издание на музичкото списание Billboard.

Месецов во Џубокс започна и сезоната на полноќни свирки: понеделнички серенади со Лили и нејзини гости, вторници резервирани за Пеце Супехикс со Breakdown band, средите се редовен термин за Eye Cue веќе трета година по ред, во четврток се ужива со Страна Б, во недела со Бени Нон Стоп, а за игранките во петок и сабота е задолжена DJ Цена.

You May Also Like