Петтиот поетски караван патува во Новаци

Друштвото на писатели на Македонија и младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ го најавуваат петтиот настан од поетскиот караван при проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“.

 

poetski_karavan_novaci

По Дебар, Охрид, Прилеп и Штип, следува Новаци. Настанот ќе се одржи на 14 септември, во манастирот „Св. Ѓорѓи“ – с. Паралово, во 12 часот.

На овој настан, своја поезија ќе читаат:

– Елизабета Јончиќ

– Живко Новески

– Весна Мундишевска

– Радован П. Цветковски

– Андрија Дојчиновски

– Гордана Михаилова Бошнакоска

– Кире Неделковски

– Мирјана Стојановска

– Панде Манојлов

– Билјана Т. Димко

– Зоран Пејкоски

– Никола Илијовски и

– Милица Димитриовска Радевска.

Програма на овој настан ќе биде збогатена со:

– проф. др. Лидија Стојановиќ Лафазановска со кратко предавање на тема „Св. Ѓорѓија и борбата со ламјата“

– Проф. Вера Стојчевска Антиќ со осврт на животот и делото на Ѓорѓи Сугаре

– Мите Грозданов со изведба на монодрама

– Хуманистот Живко Поповски – Цветин со цветните пораки за мир

– Апсолвентот Менде Мацанковски на факултетот по музичка уметност со изведба на „Ave Maria“

– Ангела Јончиќ со изведба на рецитал од великанот Петре М. Андреевски

– Музичкото дуо Signature составено од од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара

– Уметнички изложби

Настанот ќе биде модериран од Сузана Апостолова и фотографиран од Силвија Стојановска.

Хуманитарната мисија на караванот продолжува и на овој настан и повторно собраните средства од книгите да се подарат на НОРА (Невладина Организација за Ревматизам и Артритис).

И за овој настан ќе биде прогласен петтиот добитник на наградата „Витез на Македонскиот пишан збор“.

You May Also Like