НАТО студентска симулација

На 28 март 2013 година (четврток) во ЕРА Центарот на Скопски Саем ќе се одржи НАТО студентска симулација, поддржана од НАТО секторот за јавна дипломатија.

 

Имајќи во предвид дека студентските конференции и сите настаните од ваков карактер во државата се покажа како мошне успешни и интересни за студентите, Евро-Атлантскиот Совет на Македонија по четврти пат организира студентска симулација на тема: НАТО и партнер земјите – идни предизвици и што понатаму?!

Самата конференција ќе претставува младински самит на кој ќе се симулира состанок на Северноатлантскиот Совет на ниво на шефови на држави и ќе се разгледува прашањето за соработката со партнер земјите и идните предизвици. Настанот е од високо едукативен карактер затоа што им овозможува на студентите одблиску и подлабоко да се запознаат со прашањата на НАТО, безбедноста и меѓународната политика, овојпат со посебен осврт на соработката на НАТО Алијансата со земјите партнери.

Критериуми: Учесници на симулацијата потребно е да бидат студенти на додипломски или последипломски студии со интерес за прашањата на безбедноста, меѓународните односи и НАТО. Симулацијата претставува интерактивен настан и за него студентите потребно е да се соодветно подготвени за прашањата за НАТО, безбедноста како и за национални прашања поврзани со земјите членки на НАТО и партнерите.

Заинтересираните кандидати потребно е да се пријават во ЕАСМ најдоцна до 19 март 2013 година до 16:00 часот на info@atamacedonia.org.mk и во прилог да достават кратка биографија и писмо на мотивација, не подолго од 500 збора. Поради ограничените капацитети на симулацијата пријавите ќе се прифаќаат континуирано и по принципот „прв пријавен, прв прифатен“.

You May Also Like