Во скопскиот ресторан “Пелистер” се одржа прес концференција на која се најави Рокерската ноќ, со која во четврток пред МКЦ ќе се слави 50- годишното рок живеење на Македонија.
На прес конференцијата зборувааа претставници од организаторот, Рок академијата “Рок -кор – Орфеј”.
Прв зборуваше Симеон Иванов Канго: Рокенролот е наш долг од младоста, па наваму. Тогаш се сремевме со песна, со порака, со љубов, да комуницираме со сите луѓе во светот, небаре нашето време беше едно движење во космополитски рамки. Да водиме љубов, а не војни, беше главната порака во тие космополитски рамки, која од рокенрол денес се префрли на една глобална комуникација во новата форма-телевизија, Интернет, сателистки програми… Нашата рок академија “Рок -кор Орфеј” е активна со децении. Орфеј е првиот митолошки пејач кој свирел на инструмент китара и успеал со тоа да ги скроти ѕверовите и да ги смилостиви Боговите. Среќни сме што наш Претседател е Константин Икономов, живата легенда, ветеран и првиот наш гитарист, кој на “Рок гитаријадите” ги земаал првите места низ Југославија, низ Балканот. Ние го ширевме рокенролот, денес нашите потомци истото го прават, истакна Канго.
Константин Икономов , Претседател : Чест ми е што успеавме да ја организираме оваа манифестација, а верувам во четврток ќе ја спроведеме со голем успех. Јас како еден од постарите членови ќе се обидам да настапам со мои колеги од моето време, да ги потсетиме младите како ние музициравме.
Влатко Плевнеш- Посебно сум почестен, а и задоволство ми е да сум со оваа весела дружина, со вистинските музичари. Уште повеќе ме радува што Коце (Константин Икономов) е наш Претседател . Треба да се гордееме со вакви луѓе, кои живеат и творат во нашата земја. Иако во повеќе наврати Канго ме поканувал да настапувам на неговите рок хепенинзи, а еве овој пат решив да ја дадам мојата поддршка со целата моја професионалност имузичка едукација.
Дејан Шкартов, Деко – Камчињата, карпите и рокенролот се вечни. Рокенролот значи да ја тркалаш карпата. Ние така почнавме со музика, како деца од основно училиште. Имавме среќа наша наставничка да биде Милка Јуруковска, која беше роден менаџер, од секое детенцез наеше да извади трошка креативност и да ја стави во функција. Така се создаде мала група, почнавме да одиме на “турнеи” по скопските училишта и во збратимените градови. Така до нас стигна плочата од “Дееп пурпле”, (Маде ин Јапан), и инспирирани од тоа купивме инструменти. Јас бев член на култните”Бадмингтонс”, “Александар Македонски” и “Клержо”, а во четврток очекувајте ревајвал и на групата во која членував “Коцка лед” која постоеше од од 1978 до 1982 година, додека не отидовме во воска. Куруозитет е што во четврток ќе ја изложиме органата од групата, која фактички е една од органите која има најдолна километража во рокенрол животот во Македонија. Сведоци сме како Македонија денес со крупни чекори оди напред. но сето тоа мора да се надополни со реконектирањето со нашата историја. Нашите револуционери се Гоце Делчев, Даме Груев, Александар Велики и други, но тука се и “Бисбез”, Коце Икономов, Фис…
Ристо Апостолов, ” Водолија”- Му благодарам на Канго за поканата за учество. Кога станува збор за рок живеењето, јас потекнувам од таа помлада генерација на рок музиката. Сите тука сме рокери од различни генерации и секоја генерација свој белег во рокенролот, но секогаш учиме од постарите. Она што тие го работеле во 50-тите години дало голем придонес за ние помладите сега се знаимаваме со музика, можеби на подруг начн, но како што кажа Дејан, сепак рокенролот се-камења кои се тркалаат.