Средното уметничко училиште ДСУЛУД „Лазар Личеноски“ Скопје оваа година одбележува 70 години од формирањето. Како дел од славењето на јубилејот, денеска (10 јуни 2014 (вторник) во 20:00 часот, во училишната галерија ќе биде отворена Годишна завршна изложба.
По повод јубилејот од училиштето јавуваат: „Од училиштето по повод јубилејот информираат: „70 години претставува расадник на кадри. Во него биле професори и ученици многу еминентни македонски уметници. Почетоците биле во скромни услови, а низ текот на годините уметничко школо прерасна во бренд.
Денес располага со одлични услови, со нов објект, но и со нови современи наставни програми. Од оваа учебна година наставниот план е збогатен и со новиот предмет ФОТОГРАФИЈА и со новиот оддел МУЛТИМЕДИЈА. Нашите ученици и професори денес покрај редовната настава учествуваат и во разни проекти и настани од државен и јавен интерес. Само за пример би посочиле на проектот за поставување на цветни скулптури во Скопје. Сите конструкции се изработени од вајарскиот оддел.
Ќе бидат претставени слики, скулптури, графики, керамики, цртежи, мултимедијални дела, видеа, ентериер и дополнително изложбата ќе биде збогатена со модна ревија на одделот за Текстил и облека. Атмосферата ќе биде дополнета со музички настап на ученици од ДМУБУЦ „Илија Николовски-Луј“.