Како ќе изгледаат играчките на иднината?

Откако се вратиме назад во минатото, преку дизајнот на играчки низ 20-от век, решивме да зирнеме во иднината на детските играчки. Како ќе се развиваат технологиите и дизајнот на играчки, останува да видиме, но некои од основните тенденции се согледуваат и сега. Едно е јасно-играчките ќе бидат се по еколошки, зелени и високо технолошки. За да го замислиме патото по кој ќе се движи дизајнот на играчки, најдобро да ја разгледаме колeкцијата на едни од најфутуристичните играчки, измислени во денешно време.

Electric Pop Up Books

Electronic Popables се интерактивни поп-ап книги, кои светкаат, свират и се движат. Додека ги разлистувате страниците, или натискате определени точки, различни LED светла се активираат и прават слика, како сончевиот систем или подводениот морски свет. Дизајнот е на Jie Qi, студентка од Колумбија и концептот сеуште се усовршува. Веројатно е дека во иднина, детските книги ќе игледаат точно така.

Robotic Blocks

Играчките се измислени од дизајнерите  Ethan Huber и Haggai Levi. Тие не се само роботи-играчки за деца, туку делчиња кои детето може само да ги состави во различни конфигурации, со што го провоцираат логичното мислење на децата. Начинот на кој децата ги поврзуваат различните делови, создава сопствена визија во нивната фантазија, која е добра подлога за развој на иновативно мислење. Секој дел има свои параметри, кои се поврзани со различни функции, како на пример движење, вртење под агол..

Horizon HydroCar Toy

Играчките на иднината постепено ќе се ослободат од батерии. Таква барем е концепцијата на Horizon HydroCar, која се движи само на вода. Во специјалните контејнери се полни вода, а преку соларен панел, вграден на играчката, водата за неколку минути се распаѓа на водородни и кислородни атоми. Посебни моторни клетки со полимерна електролитна мембрана /polymer electrolyte membrane (PEM)/ ги поврзуваат водородот и кислородот, при што се добива енергија и играчката-количка се движи и светка.

Go Go Electro

Кога веќе сме кај играчките без батерии, не смееме да ги пропуштиме и Go Go Electro. Играчката користи кинетичка и сончева енергија. Дизајнот е на Go Go Electro, а наменета е за деца над 8 год. Целта на оваа играчка е да им покаже на децата, како се создава чиста енергија и како таа се користи за игра. Go Go Electro се состои од различни делчиња, кои се поврзани на сложен начин и формираат целина која ја движи играчката. Освен тоа, играчката има свој соларен панел и кондензатор. Кога електрон протекува низ кондензаторот, во него се дели енергија, со помош на електромагнетна индукција.

Лего

Лего е една од најпознатите играчки за деца. Корејскиот дизајнер Jin Woo Han , разработува проект за интерактивно лего, во кое фигурките оживуваат. Легото изледа исто, само што основната платформа на која се поставени коцките, е спроводник на енергија. Така фигурките се движат, зборуваат и светат.

Milo

Milo е вертуелен пријател. Тој разговара со вас, ги познава вашите емоции, реагира на движењата на вашето тело…Дело е на британецот Peter Molyneux и е во фаза на разработка од Microsoft. Иако Milo е виртуелно дете, идејата е да изгледа што пореалистичен. Софтверот дозволува да се контролираат различни емоции кај него. Milo може да учи и да усвојува знаење.

На нас ни станува да видиме, како виртуелните пријатели од иднината ќе се развијат и вклопат во нашето секојдневие.

Л.Ѓ.

You May Also Like