Стипендии за македонските студенти во Грција, Русија И Унгарија

Министерството за образование и наука денеска соопшти дека македонските студенти во следниот период имаат можност за стручно усовршување во Грција, Русија и Унгарија.

studenti

Во Грција преку Државната фондација за стипендии, на студентите им се нудат 20 стипендии за докторски и постдокторски истражувања, додека Рускиот државен универзитет од Санкт Петербург доделува стипендии за редовни додипломски, постдипломски или докторски студии за академската 2014/2015 година.

Студентите имаат можност да се пријават и за целосна стипендија на Унгарскиот карпатски летен факултет, кој го организира Факултетот за науки Еотвош Лоранд од 8 до 13 јули. Факултетот е организиран во четири различни модули – правни науки, природни науки, хумани науки и информатика. Дополнителни информации за пријавувањето, условите и потребните документи за секоја од стипендиите може да се најдат во конкурсите објавени на порталот за стипендии на Министерството за образование и наука, www.stipendii.mon.gov.mk. Крајниот рок за пријавување за стипендиите во Русија и летната школа во Унгарија е 15 јуни, додека електронските пријави за студиските стипендии во Грција треба да се достават најдоцна до 16 јуни.

You May Also Like