Видео: Битолската универзитетска библиотека се претстави во Пловдив

Меѓународна соработка на НУУБ „Климент Охридски“  – Битола, со библиотеката „Иван Вазов“ во Пловдив, Бугарија. Одлична можност за претставување на изданија од битолската библиотека, а воедно и претставување на градот Битола и Република Македонија.

 

Овој настан беше покриен од страна на локалните медиуми, во списанието Марица и регионалната телевија од Пловдив. Изданијата кои што беа изложени беа подарени на пловдивската библиотека „Иван Вазов“. Беа промовирани изданијата  „Библиотеките во Битола“  и „Библиотеките во манастирите и црквите во Преспанско-пелагонискиот регион“ во издание на НУУБ  Климент Охридски.

Битолската библиотека ја претставуваа: Науме Ѓорѓиевски – директор, Анета Стефановска  – советник виш библиотекар, Благој Николов  – програмски директор, Зоран Јанакиевски.

You May Also Like