Утре (четврток, 1 март 2012 година) со почеток во 9:45 часот, министерот за култура д-р Елизабета Канческа-Милевска ќе оствари средба со заменик- министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Владимир Титов.
На средбата ќе биде потпишана и Програмата за соработка во областа на културата, образованието, науката и спортот меѓу Владата на Руската Федерација и Владата на Република Македонија, со важност од 2012-2015 година.