Квилинг (Quilling) – хартиено филигранство

Квилингот (Quilling) се нарекува и хартиено филигранство. Произлегува од англискиот јазик “quill”, што значи перо од птица. Оваа уметноста се појавува во Европа некаде кон крајот на XIV и почетокот на XV век.Во тој период монасите изработувале многу необични за тоа време медаљони од пердувите на птиците.

Квилингот бил многу популарен во Европа, но поради високата цена на хартијата не бил широко распространет на почетокот .Само богатите слоеви имале можност да се занимаваат со него… Денес е популарен во сите земји,а особено Германија, Англија, Русија, Франција па се до истокот.

Ова техника се користи за изработка на картички, слики, фигури, портрети, украси и др. Целата филозофија на квилингот се состои во виткање на ленти од хартија со различна должина,кои се лепат и на тој начин се формираат декоративни елементи. Хартијата се витка (намотува) околу алатки како тенки игли, стапчиња,чепкалки за заби и сл… за да се добие кружна форма,која се оформува дополнително во зависност од изработката и дизајнот .

Квилингот наоѓа широка примена во модната индустрија, за изработка на аксесоари, слики, рамки, украсни кутии… а во поново време дури и мебел. Поради огромниот интерес за изработка на предмети од хартија, денес квилингот се распространува се повеќе, техниките и стиловите се усповршуваат а материјалите стануваат се пософтицирани. Денес постои и 3D квилинг.

Се што е потребно за да се занимавате со квилинг е да имате хартија во боја, ножици, лепак и „игла“ за виткање. Освен ножици може да користите и скалпел или машина за уништување на документи. Дебелината на лентите зависи од вашата идеја. Ако сакаме композицијата да ни биде понежна кориситиме потесни ленти,oбично од 3 до 7 мм. Во зависност од изработката можат да бидат и подебели… Должината зависи од тоа колку голем треба да биде кругот, кој треба да го навиткате. Обично е до 30 см. Лепакот може да биде обичен за хартија или сув.

Ова е работата на талентираната дизајнерка Јулија Бродскаја. Иако е сеуште млада, Јулија е добро позната во дизајнерските средини. Таа го има усовршено квилингот до перфекција и е една од најпознатите квилинг мајстори денес.

Веќе неколку години соработува и реализира рекламен дизајн за брендови како Nokia, Starbucks, The New York Times, Hermes, Spar Nord Bank и многу други компании,со помош на оваа хартиена техника.Родена е во Москва, но неколку години студира и учи графичка комуникација во Англија. Она што најдобро го знае е да „црта“ со хартија. Нејзната работа може да се сретне на билдобри, книги, списанија.



Во процесот на изработка користи стари весници,хартија во боја, списанија и секаков вид на стара употребена хатија која на готовите проекти им придава еко димензија. Работи на сложени квилинг-портрети со безброј делчиња во нив.Работата и одзема доста време, но може да се уверите и сами дека вреди.

За себе вели, дека втора страст и е типографијата.

Подготвил: Лазар Ѓорѓиевски

You May Also Like