Муфте кино на Бит Фест

Почнувајќи од денес, (среда, 17 август 2011 година)  во 21.00 часот Муфте кино на Бит Фест во Битола. Бројни кино проекции за љубителите на филмската уметност.

Од среда во 21:00 часот започнуваат проекциите на филмовите во рамките на ,,Муфте кино” кое и оваа година (втора по ред) е поддржано од БИТ ФЕСТ. Филмовите ќе бидат на различни јазици, со цел да се отслика мултикултурноста на Битола како конзулски град.

Целта на проектот е да се збогатат вечерните часови и структурира слободното време пред се на младите од Битола, туристите и останатите граѓани од градот.  Филмовите ќе се прикажуваат во Летната бавча на Хотел Амбасадор.  Преку поддршката на овој проект БИТ ФЕСТ поддржува проекција на 3 филмови:

–  Шишање 2010 год.(српски)  – среда 21:00 часот – Хотел Амбасадор

(Филм за загубената генерација на деца, преполна со гнев кон другите и кон животот, за оние со кои лесно се манипулира).

–  Одмазда (македонски) 2001 год. Драма – Воен – четврток 21:00 часот – Хотел Амбасадор

(Дејството на филмот се случува кон крајот на XIX, почетокот на XX и втората половина на XX век. Локациите се различни, наполнo спротивставени, како што е руралната Македонија од една страна и урбаната средина на еден рударски регион во Белгија од друга… Доаѓањето на младиот Турчин Орхан Карахасан во Белгија не е мотивирано од економска причина, туку зад тоа стои примитивно кодираниот запис за крвната одмазда. Тој во градот го бара Павел Најдовски, чиј татко на почетокот на векот го убил неговиот дедо Осман Карахасан, во една би можело да се рече, митски исконструирана семејна трагедија. )

–  Дома 2009 год.(англиски) –   петок 21:00 часот – Хотел Амбасадор

(Документарен филм снимен со подршка на Европска Унија од страна на Јан Артрус во 2009 година.  Филм за убавините на земјината топка, животот на неа и човечкото суштество како најсовршено суштество на планетата земја со неговите доблести, но исто така и неговото уништување на земјата со технологијата. )

Во организација на НВО Сфера, а со поддршка на БИТ ФЕСТ овие три дена предвидена е и богата музичка програма.

You May Also Like