Изложба на македонски карикатуристи во Софија

Изложба на познатите македонски карикатуристи Дарко Марковиќ, Мице Јанкуловски, Драган Поповски и Мирослав Георгиевски-Миро, со наслов „Априлско, ха, ха, ха“, беше отворена во понеделникот во галерискиот простор на Музејот „Земјата и луѓето“ во Софија.

Изложбата ја отворија директорите на Културно-информативните центри на Македонија во Софија и на Бугарија во Скопје, Васко Шутаров и Димитар Христов.

Ова е возвратна посета на македонски карикатуристи,после минатогодишното гостување на бугарски карикатуристи низ неколку градови во Македонија.

Македонските карикатуристи од своите колеги од Сојузот на бугарски ликовни уметници – секција Карикатуристи, беа нагредени со повелби за посебен придонес во развојот на светската карикатура.

Изложбата од 40 дела,ќе биде изложена следните десетина дена во Софија.

You May Also Like