Музејот на македонската борба номиниран за најдобар музеј во Европа

Музејот на македонската борба – Скопје беше номиниран за најдобар музеј во Европа за наградата Мичелети (Micheletti) за 2013 година во категорија на историски и военоисториски музеи во организација на Европската музејска академија (ЕМА).

Во конкуренција на 21 врвна институција од Европа, Музејот на македонската борба – Скопје доби посебно признание за ентузијазмот и за големите достигнувања во зачувувањето на националното богатство, како охрабрувачки знак на виталност во европската практика. Од страна на директорот и претседателот на ЕМА беше истакната презентацијата на музејот како особено инвентивен начин на претставување и пример за идните кандидати.

Годинашното доделување на наградата се одржа на дводневната конференција на 26 и 27 април во Бурса, Република Турција, на која беа презентирани најновите трендови во европската музеологија. Добитник на наградата Мичелети за 2013 година е Армискиот военоисториски музеј од Дрезден, Германија.

You May Also Like