„Месец на детското творештво“ во Прилеп

Од денес (вторник, 30 април 2013 година), па се до 21 мај во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи „Месец на детското творештво“, манифестација на која ќе се претстават сите основни училишта од градот, а учениците ќе покажат што научиле и колку биле креативни оваа учебна година.

Честа да ја отворат манифестацијата ја имаат учениците од ОУ „Гоце Делчев“  кои ќе се претстават вечерва  (30 април) од 19:00 часот.
Веднаш по нив, ќе се претстават најдобрите од другите училишта.

на 8 мај – ОУ „Кире Гаврилоски“ 19.00 часот

на 9 мај – ОУ „Добре Јованоски“ 19:00 часот

на 13 мај  ОУ „Кочо Рацин“ 19:00 часот

на 14 мај – ОУ ,,Климент Охридски“ 19:00 часот

на 15мај  ОУ „Блаже Конески“  19:00 часот

на 17 мај – ОУ „Рампо Левката“ 19:00 часот

Во рамките на Месец на детско творештво целовечерен концерт на 21 мај ќе одржат и учениците од музичкото училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“.

You May Also Like