МАНУ ќе организира „Научна и уметничка визита 2014“

Македонската академија на науките и уметностите ќе организира „Научна и уметничка визита 2014“ …

Uranija Ohrid

МAНУ најави неколкудневна програма од 7-ми до 20 август, насловена „Научна и уметничка визита 2014“, која ќе се одржува во Куќата на Уранија во Охрид. Програмата ќе почне во четврток со изложба „Основоположниците на МАНУ“ на академик Томе Серафимовски, која ќе ја отвори претседателот на Академијата Владо Камбовски.

Следната содржина ќе биде на 13 август, кога ќе бидат промовирани најновите книги на академик Блаже Ристовски: „Македонски работи – јазик, литература, историја, нација, држава“ и „Македонски литературни пројави од лозарството до другарството“. Нив ќе ги промовира академик Геогри Старделов.

На 15 август МАНУ ќе организира книжевна вечер посветена на академик Гане Тодоровски, за кого беседа ќе одржат академиците Георги Старделов и Луан Старова. На 19 август, пак, ќе биде одржана научна трибина „Перспективи на развојот на Република Македонија во посткризниот период“.

„Научната и уметничка визита 2014“ на МАНУ ќе заврши на 20 август со книжевна вечер посветена на турската поезија.

You May Also Like