Министерот за надворешни на Турција – почесен доктор на УКИМ

Сенатот на  Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на својата 34. седница одржана на 27.4.2011 година, донесе одлука на д-р Ахмет Давутоглу, министер за надворешни работи на Владата на Р. Турција, да му додели титула почесен доктор (doctor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

 

Свечената седница на Универзитетскиот сенат за доделување на највисоката почесна титула на нашиот Универзитет на д-р Ахмет Давутоглу ќе се одржи на 21.12.2012 година(петок), во аулата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со почеток во 15,00 часот.

You May Also Like