Мизар и Marilyn Manson со заеднички настап во Белград

Великаните на македонската дарк-рок сцена Мизар, во јуни ќе настапат во Белградска Арена, како предгрупа на концертот на големата ѕвезда, познатиот ексцентрик Marilyn Manson.

Нивните настапи во Белград се во рамките на новиот белградски музички фестивал, кој годинава ќе го има своето прво издание, IQ Мusic фестивалот. Настапoт на Marilyn Manson на овој фестивал е дел од неговата нова турнеја „Hey Cruel World“, а покрај него и Мизар, организаторите ги потврдија и настапите на српскиот бенд Block Out, култните Laibach и британскиот состав Dirty Vegas sound system.

IQ Music фестивалот е во организација на Белградска културна мрежа, која стои и зад белградскиот Beer Fest. Наскоро очекуваме и повеќе информации за продажбата на влезниците и датумот на одржување на фестивалот.

You May Also Like