Македонската поезија има исклучително место во поетската традиција на Балканот; тоа е темата на Поетскиот фестивал од Истанбул, кој ја назначи нашата земја за почесен гостин. Истанбул ќе биде главен град на поезијата, од 13 до 17 септември 2011 година. Ќе не претставуваат Богомил Ѓузел, Јовица Ивановски и Игор Исаковски, сите тројца често преведувани на турски.
Гостувањето на македонската делегација е организирано преку Културна установа „Блесок“, а е помогнато од Министерството за култура на Република Македонија.