„Иако времето не ни е во прилог (брррр) сепак ќе покажеме дека точакот си ја завршува успешно работата за превоз низ градскиот хаос и гужви“.
Сабота, во 14 часот со почеток од градскиот плоштад во Тетово ќе тргне 20тата по ред Критична маса.
Организаторите Критична Маса велат: „Иако времето не ни е во прилог (брррр) сепак ќе покажеме дека точакот си ја завршува успешно работата за превоз низ градскиот хаос и гужви.
И да врне…
И да вее…
И ветар да коси…
#ТетовоНаТочак пак си вози! 🙂